За Нас

Основни цели и задачи на Македонска асоцијација за фетална медицина се унапредување на феталната медицина преку организирање на континуирана медицинска едукација интердисциплинарно. Македонска асоцијација за фетална медицина се занимава со стручни прашања и учествува во организирање и спроведување на континуираната медицинска едукација (КМЕ) и континуираниот професионален развој (КПР) на своето членство. Македонска асоцијација за фетална медицина врши издавачка дејност и други дејности во согласност со позитивните законски прописи. Соработува со разни стручни, научни, културни и други сродни организации и асоцијации, потоа членува во разни стручни медицински и други меѓународни организации со заеднички интереси, цели и задачи согласно позитивните законски прописи.

Македонска асоцијација за фетална медицина го следи развојот на здравството и медицинските науки во Република Северна Македонија. Во рамки на тоа покренува иницијативи што се во нејзина потесна област и дава сугестии за системско решавање на прашањата од областа.

Македонската асоцијација за фетална медицина своите задачи ги остварува преку Македонското лекраско друштво чии основни начела се:

  • давање мислења и експертиза за донесување закони и одлуки за организација на здравствената заштита и на здравствената служба, како и мислења за останатите јавно здравствени проблеми;
  • води грижа за унапредување на општествената положба на лекарите во Република Северна  Македонија и се грижи за заштита на лекарите, односно за членовите на МАФМ во сите случаи на неправедни и незаконски постапки спрема нив;
  • се грижи за унапредување на здравствената состојба на населението и заштита на човековата околина;
  • ја усогласува, поттикнува и насочува работата на своето членство и работата на подрачните здруженија и специјалистичките здруженија;
  • активноста на здружeнијата се елвалуира според заедничките основни и дополнителни критериуми;
  • ја остварува програмата на МАФМ;
  • се грижи за планско стручно усовршување на членството и за организирање конгреси, симпозиуми, стручни состаноци и други форми на работа;
  • се грижи за остварување на правата и обврските на членството,
  • соработува со Министерството за здравство, Медицинскиот факултет, Лекарската комора на Македонија (како четири основни столба) и со други државни органи, невладини организации и сродни институции преку активно вклучување на свои претставници
  • се ангажира, учествува и е носител на кампањи-програми во промовирање на иницијативи за заштита на здравјето на населението,;
  • ги поттикнува и поддржува научно истражувачките активности;
  • се грижи и го следи развојот на здравството и на медицинските науки и соработува со научни и високообразовни институции;
  • соработува во планирањето на дипломските и постдипломските студии на лекарите
  • ја негува и ја промовира етиката на лекарската професија преку својот Етички комитет, Кодексот на медицинската деонтологија на Македонија и Етичкиот кодекс на Светското здружение на лекарите а за етиката во медицинската пракса оставрува соработка со релевантните тела на Лекарската комора на Македонија и Медицинскиот факултет;
  • остварува билатерална соработка со други лекарски здруженија во Европа и пошироко и
  • води евиденција за своето членство и издава членски легитимации

Новости

Едукација

Што е фетална медицина

Феталната медицина е супспецијалност на акушерството што се фокусира на дијагноза и третман на одредени фетални состојби во тек на бременоста. Технолошкиот напредок, како што е акушерската ултрасонографија, направи револуција во менџирање со бременоста, обезбедувајќи прозорец во утробата и овозможувајќи идентификација на претходно непознати проблеми кај фетусот. Областа на пренаталната генетска дијагноза еволуираше брзо, а примената на знаењето од оваа област бара сè подлабоко разбирање.

Уште поголем предизвик е можноста да се извршат процедури директно на фетусот за да се подобрат шансите за преживување или да се избегнат сериозни компликации по раѓањето. Покрај грижата за бремености со висок ризик, која се смета како најчест третман во феталниот развој, специјалистите  за фетална медицина се лидери и во акушерството и во истражувањето кое идентификува подобри начини за проценка и грижа за бремените жени и нивните фетуси.

До денес низ континуирана медицинска едукација, секојдневно се повеќе се знае  за бременоста, и нејзината патологија, како и за самото породување. Следењето на фетусот бара интердисциплинарен пристап од перинатолози, неонатолози, педијатри, генетичари, имунолози и други професии кои во дел се занимаваат и со феталната медицина.

Иднината на пренаталната дијагностика оди рака под рака со се побрзиот развој на технологијата (ултразвук, магнетна резонанца на фетусот), но и неинвазивните пренатални тестови, односно проширувањето на панелот на генетски болести кои можат да се детектираат со нив. Ние како човечки род не смееме да ѝ се предадеме на таа брзина, туку мораме да ја контролираме, во спротивно ќе ја изгубиме суштината и смислата на постоењето.

Историјат на феталната медицина

Историски, уште во антиката, се правеле обиди да се објасни врската меѓу здравјето на трудницата, успешното завршување на бременоста и раѓањето на здраво дете. Дури и славниот сликар Микеланџело, во 16. век, прикажувал прикажувал трудници со фетус во утробата во различни фази од бременоста. Од тогаш биле забележани навестувања во диференцијацијата на двата поима: бременост и фетус. Но, во 20. Век, во рамки на акушерската струка, се развива посебна гранка која поинтензивно ја проучува самата фетологија. Кон средината на минатиот век, Бевис добил податоци за прогресијата и индикаторите на болеста кај фетусот, односно амниоцентеза на плодовата вода во која ја анализирал корелацијата меѓу содржината на железото и сериозноста на феталната анемија. Потоа, Лили извршил спектрофотометрија во 1961 година и ги одредил нивоата на билирубин како одраз на сериозноста на феталната хемолиза. Само неколку години подоцна, во 1963 година, феталната анемија во матката била успешно третирана со трансфузија на крв низ феталниот стомак.

Историјата на секоја човечка индивидуа почнува уште со зачнувањето, кое е проследено со низа настани во зиготот кои резултираат со развој на фетусот. Токму затоа, историјата на човечката индивидуа треба да се следи и на сличен начин во медицината кон проучувањето на поединецот од самиот почеток. И покрај целокупниот напредок, говориме за најмалку позната гранка и ние како Асоцијација и како експерти отвораме многу полиња и прашања.

Партнери

Поддржувачи

Контакт