Стручен состанок: Benetech PRA и Genesis/Genesis PLUS во современата дијагностика
Македонската асоцијација на фетална медицина во соработка со Биотек Лабораторија, на 13.07 одржаа стручен состанок на тема “Клинички бенефити и предизвици на новогенерациски неинвазивни пренатални скрининг тестови – Benetech PRA и Genesis/Genesis PLUS во современата дијагностика. Присуствуваа голем број врвни доктори од областа на гинекологија, педијатрија, имунологија, биохемија.
На состанокот беше нагласена потребата од пренатален скрининг и пренатална дијагноза кај секоја трудница, како еден од методите за редукција на инциденца на генетски дефекти.
Неинвазивното пренатално генетско тестирање (НИПТ) на феталните хромозомски микроделеции/микродупликации се потпира на новата генерација на платформи за масовно паралелно секвенционирање со цел да се определи дали фетусот има хромозомски субструктурни абнормалности, како синдроми на хромозомски микроделеции или микродупликации, преку крвта на мајката и кое вклучува 100 хромозомски абнормалности.
Genesis/Genesis plus неинвазивни пренатални тестови кои Биотек ги претстави пред стручната јавност, за прв пат се изработуваат во Македонија, со што се скратува времето за добивање резултат, без ризици од транспорт на генетскиот материјал, а истовремено на располагање имаме стручен тим за консултации на трудниците.




