Fetal Gender
Генетски тест за одредување на пол на фетус во рана бременост со метод Multiplex Real time PCR кој нуди детекција на фетален генетески материјал во мајчина крв
Зошто Fetal gender?
Традиционално, феталниот генетски материјал за генетско тестирање на фетусот се добива со инвазивни техники кои носат ризик од околу 2-3% за спонтан абортус. Откривањето на cell-free фетална ДНК и РНК во мајчината крв нуди нов извор на фетален генетски материјал за неинвазивна пренатална дијагноза. Ваквата нова техника е безбедна за бременоста во споредба со алтернативните методи.
Важно! Количеството на фетална ДНК во крвта на мајката се зголемува со зголемување на гестациска возраст и зависи од состојбата на плацентата и карактеристиките на текот на бременоста.
Од 8-10 гестациска недела, методата овозможува да се постигне ниво на точност од 96-100%.
Примерок за анализа: Венска крв
Rh факторот на фетусот
Генетски тест за определување на Rh факторот на фетусот со генотипизација на RHD генот, 7 егзон и 10 егзон со изолација на cell-free фетална ДНК од мајчината крв базирана на неинвазивна Real time PCR метода
Зошто определување на Rh факторот на фетусот?
Rh факторот или уште познат како Резус фактор е протеинска молекула која се наоѓа на површината на еритроцитите. Доколку овој протеин е присутен тогаш станува збор за Rh + фактор (Rh позитивен) индивидуа, а доколку е отсустен тогаш станува збор за Rh- негативна индивидуа.
Компликации при бременост настануваат доколку мајката е со Rh- фактор, а фетусот е Rh+ фактор. При ваква состојба се продуцираат антитела (antiRh-антитела) кои крвта на плодот ја препознаваат како туѓа и лесно преминуваат преку плацентата што доведува до
• ризик од предвремено породување,
• спонтан абортус
• појава на хемолитички болести кај фетусот.
Ризикот за појава на овие состојби се зголемува со секоја следна бременост со Rh+ фетус
Важно! Овој тест е наменет за сите Rh негативни мајки и навремено реагирање со соодветен фармацевтски агенс после прва бременост со Rh позитивно бебенце. Добиените резултати може да се користат во рамките на пренаталниот скрининг на компликации на бременоста кај Rh-негативни жени почнувајќи од 8-10 недела од бременоста.
Примерок за анализа: Венска крв